HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕвропска Унија изгуби дел од кредитниот рејтинг

Европска Унија изгуби дел од кредитниот рејтинг

Прва посериозна последица по референдумот Брегзит е намалувањето на кредитниот рејтинг на Европската Унија од страна на бонитетната агенција „Стандaрд и Пурс“ која оценката АА+ ја намали на АА.

Во образложението на ваквата одлука е наведено дека таа е донесена поради несигурноста во ЕУ по одлуката на Британците на референдумот минатиот четврток за напуштање на Унијата.

– По одлуката на британските гласачи за напуштање на ЕУ, направивме преоценка на нашето мислење за кохезијата на Унијата и сметаме дека блокот може да има помала буџетска флексибилност по повлекувањето на Велика Британија, се наведува во соопштението на „Стандард и Пурс“.

Агенцијата натаму наведува дека иако го намалила рејтингот на ЕУ за еден степен, сепак оценката за нејзините перспективи се стабилни, што би значело дека на среден рок најверојатно ќе нема потреба од негово дополнително намалување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com