HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕвропската Унија не создава вработувања како порано

Европската Унија не создава вработувања како порано

Повеќе земји од Европската Унија имаат проблеми со креирање на нови работни места и темпото на вработување забавува. Статистиките откриваат уште полоши податоци дека секој шести работоспособен жител е невработен што е просек за првото тримесечје од 2016-та година.Работа пронашле 15,4 проценти од невработените, односно три милиони невработени, наведува Евростат.

Со тоа, темпото на вработување било забавено во однос на четвртото тримесечје лани, кога работа успеале да пронајдат 18 проценти од невработените или 3,5 милиони луѓе. Извештајот на Евростат се базира на анкетата на работната сила и не ги вклучува податоците за Германија и за Белгија.

Данска предничела во темпото на вработување, па така секој трет невработен во таа земја, или 30,3 проценти, нашле вработување во првите три месеци од годината. Потоа следува Шведска, каде што работа нашле 22,5 проценти од невработените и Австрија со 22,3 проценти.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com