HomeДЕНЕШНАПолитикаЕвропската унија нема да го финансира Коридорот 8

Европската унија нема да го финансира Коридорот 8

Нови фанансиски санкции за Македонија. Нема пари за пругата до Бугарија. Брисел нема да го финансира инфраструктурниот проект Коридорот 8 потврдија од Европската комисија за 24 вести.

Кратењата на европската финансиска помош сега се проценуваат на повеќе од 27 милиони евра, пари кои годинава на земјава до сега и беа достапни во форма на претпристапна помош преку таканаречените ИПА фондови.

„Транспортниот проект, кој земјата го поднесе попознат како Коридор 8, ќе се разгледува штом ќе се адресираат проблемите во тој сектор на стратегијата и коордијација. Земјата треба да се фокусира на мерки кои би ја осигурале одржливоста на големи инфраструктурни инвестиции“ – изјави портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

Влошениот политички контекст е една од причините поради кои владата и администрацијата за жал не беа во можност или немаа желба да ги исполнат реформите на кои се посветија, со цел да демонстрираат потребна подготвеност за планирање на потребните реформи или за да ги искористат европските фондови во овие области.

Неофицијално, дипломатски извори брифираат дека е предложено целосно одземање на владините ингеренции за користење на европските пари од ИПА фондовите. За вицепремиерот за европски прашања, пак, не се работи за санкции, ниту за суспензија иако овие инструменти постојат во рацете на европската комисија.

Неофицијално, до македонскиот секретаријат за европски прашања пристигнало целосно образложение за кратењето на ИПА фондовите за годинава. Станува збор за пари кои Брисел ги издвојува за проекти за европеизација на земјите кандидати за членство во речиси сите општествени области.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com