HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕвропол загрижен за безбедноста на бројни банкомати

Европол загрижен за безбедноста на бројни банкомати

Европол објавува дека е зголемен бројот на malware вируси во банкоматите, кои се почесто се мета на напади. Во цел свет има вкупно 3 милиони банкомати, кои нудат подигнување на готовина, а во просек корисниците подигнуваат по 8.6 милијарди евра годишно, што им е многу привлечно на напаѓачите.

„Овој извештај нема да им помогне само на законодавците да избегнат потенцијални закани, туку може да биде и водич во индустријата за финансиски сервиси, со цел да ги заштити индивидуалците, кои би требало да веруваат во безбедноста на својот имот“, пишува во официјалното соопштение на Европол.


Ова е прв документиран извештај, кој детално смеат да го прегледуваат само телата за извршувањето на законот. Поентата на сето ова е властите да биде еден чекор пред софистицираните сајбер напади.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com