HomeДЕНЕШНАСветЕвропа се бори со поплави – најмалку девет жртви

Европа се бори со поплави – најмалку девет жртви

Најмалку 9 лица загинаа во поплавите во Франција и во Германија. Илјадници домови во Баварија останаа без електрична енергија. Во дел од Франција е евакуирано населението поради најголемата поплава во последните 100 години. Водата го прекри и замокот Шамбор, еден од најпознатите дворци од 16 век.

Во Париз, кејот на реката Сена е затворен поради зголеменото ниво на вода. Само во последниве неколку денови, граѓаните побарале помош од спасувачките служби 8.000 пати. Метеоролозите најавуваат дожд и во наредните денови.
germanija poplavi
Во Австрија беа поплавени неколку улици во источниот дел. Североистокот на Романија се бори со силно невреме коешто предизвика хаос во сообраќајот. Во поплавата во Полска се удави 61-годишна жена. А невремето проследено со грмотевици усмрти 40-годишна жена, и рани тројца додека планинареле во јужниот дел од земјата.

Поројните дождови предизвикаа проблем и преку Големата бара. Во сојузната американска држава Тексас, 1.000 луѓе мораа да ги напуштат живеалиштата откако поројните дождови ја излеаја реката Бразос од коритото. Во Хјустон загинаа шестмина.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com