HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕврообврзницата од 650 милиони долари одложена, тврди Ројтерс

Еврообврзницата од 650 милиони долари одложена, тврди Ројтерс

Новинската агенција Ројтерс тврди дека е одложена одлуката за издавање на еврообврзница на македонската влада во вредност од 650 милиони долари, откако опозициската СДСМ се обратила до менаџерскиот тим на банките кои треба да го спроведат тргување. Наводно испратен е допис дека Владата во ваква состојба нема законска можност за огромното задолжување.

Министерството за финансии денес побрза да ја обвини опозицијата за ширење на дезинформации и дека испочитувани се сите соодветни закони за јавен долг и за надлежностите на владата, а дека средствата нема да се користат за оваа буџетска година туку за наредните две.

Ројтерс постои голема можност и лошо да ја пренел веста или да се „изгубил“ во преводот бидејќи процедурата за тргување со еврообврзницата на берзите со хартии од вредност веќе е силно зацртана во планот на Министерството за финансии.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com