HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЕвра останува во Јувентус

Евра останува во Јувентус

Фудбалерот на Јувентус Патрис Евра ќе потпише нов договор со „Старата дама“, пренесуваат италијанските медиуми. Се очекува наредната недела Французинот да стави потпис на нов едногодишен договор, со можност за продолжување на соработката на уште една година.

Евра во Јувентус пристигна од Манчестер Јунајтед во летото 2014 година, а актуелниот договор со клубот од Торино му истекува наредното лето. Оваа сезона Евра постигна два погодоци, со три асистенции на 26 натпревари во Серија А, во која неговата екипа уште еднаш стана шампион, а во саботата со победата над Милан го освои и италијанскиот куп и дојде до двојната круна оваа сезона.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com