HomeДЕНЕШНАСветЕвакуирани над 82.000 лица поради шумски пожар во Калифорнија

Евакуирани над 82.000 лица поради шумски пожар во Калифорнија

Американските власти синоќа издадоа наредба за евакуација на над 82.000 лица во југозападниот дел на сојузната држава Калифорнија, поради забрзаното ширење на голем шумски пожар. Пожарот избувнал вчера близу планинскиот премин Кахно во округот на Сан Бернардино, на околу сто километри источно од Лос Анџелес и до денеска се проширил на површина од над 120 километри квадратни.

Националната координативна група за шумски пожари соопшти дека наредбата за евакуација е издадена поради „непосредна закана за јавната безбедност, патниот сообраќај и изградените објекти“. Поради огнената стихија, затворени за сообраќај се повеќе патни правци во областа, меѓу кои и автопатот од Лос Андечес до Лас Вегас.

Во гаснењето на огнот се вклучени над 1.300 пожарникари, помогнати од авиони и хеликоптери, но справувањето со пожарот е отежнато поради сушата, ветрот и високите температури од над 35 степени Целзиусови. Поради пожарот гувернерот на Калифорнија, Џери Браун прогласи вонредна состојба во округот Сан Бернардино.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com