HomeАНТИСТРЕСЖурки„Д Фестивал“ доби трета бина за електронска музика!

„Д Фестивал“ доби трета бина за електронска музика!

На овогодинешното издание на „Д Фестивал“ во Дојран, кој се одржува до 15 до 17 јули, електронската музика си доби своја специјална бина наречена „LakeAwake Stage“. Организаторите најавуваат 12 часовна програма која ќе се одвива до раните утрински часови, а третата бина е замислена и како омилениот подиум на кој посетителите заедно ќе ги дочекуваат изгрејсонцата на фестивалот.

Настап на оваа бина се очекува да имаат водечките имиња на македонската електронска сцена, кои со децении ги предводат журките во државата. Честа да ја отворат оваа електронска бина „LakeAwake“ ќе ја имаат „Течна Кујна“ и D2 – платформите за промоција на квалитетната драменбејс и дабстеп музика. „Течна Кујна“ е првата драменбејс радио емисија во Македонија која повеќе од 10 години се емитува на Канал 103 и заедно со промотерската и диџеј организација D2, се заслужни за голем број гостувања на странски драменбејс артисти во Македонија. Нивната програмска ноќ на „LakeAwake“ бината ќе ја предводи лондонскиот диџеј и продуцент „Big Bud“ и скопјаните „D.Lite“, Дарко Степиќ, „Hypertech“, „Ogie“, „Pukka“, „Hansshc“ и „Tecktone“.

„Д Фестивал“

Своите настапи за овој фестивал веќе ги потврдија: Голди, Тој Долс, Даб пистолс, „Чиста околина“, „Бернајс пропаганда“, „Дубиоза колектив“, „Обојени програм“, „Лолобриџида“ и Хипнотајзд на главната бина,„Д Проџекс Орфеус“, „Милко“ , „ Самостални Референти“, „Палиндром“, „Кефурдат“, Ана О, „Метаноја“ и „Паприка Паприка“ на „Москито Стејџ“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com