HomeДЕНЕШНАПолитикаДУИ ќе поддржи формирање на специјално судско одделение за случаите на СЈО

ДУИ ќе поддржи формирање на специјално судско одделение за случаите на СЈО

Инцијативата за формирање на специјално судско одделение за предметите кои ги работи Специјалното јавно обвинителство, доби поддршка и од ДУИ, објави Алсат М.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи за прв пат вели дека неговата партија во основа нема ништо против тоа решение. ДУИ има резерви само за начинот на кој тоа прашање треба да се отвори.

-„Ова е сериозна тема, која не може да биде прашање на медиумски разговори. Ако има таква волја, тоа треба да помине институционално, првин преку разговори на релевантните партии потписнички на Договорот од Пржино. Ако во тие преговори се отвори таа иницијатива, ДУИ принципиелно е за формирање канцеларија или посебен оддел што ќе се занимава со случаите на СЈО“, вели Османи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com