HomeДЕНЕШНАПолитикаДУИ одбележува 14 години

ДУИ одбележува 14 години

Демократската унија за интеграција одбележува 14 – години од основањето. По тој повод лидерот на партијата Али Ахмети денеска испрати честитка до членовите и симпатизерите, посочувајќи дека овој датум за нив ќе остане секогаш значаен и оти ДУИ секогаш ќе остане заедно со граѓаните.

– ДУИ се отелотвори со граѓаните и секогаш остана заедно предводејќи ги успешно во справувањето со многу предизвици со кои се соочивме, и успеавме да постигнеме и уште многу напредок во сите сфери на општествениот живот, се наведува во честитката.

Оваа годишнина, како што се наведува, „доаѓа во многу тешки околности за да не потсети дека ни останува уште многу работа пред нас која повторно ќе ја оствариме заедно.“

– Затоа го повикувам секој член и соработник да работи со голема посветеност кон остварување на нашите национални цели, интегративни цели, како и кон реализација на програмските определби во корист на граѓаните. Исто така, ги уверувам поддржувачите и граѓаните дека ние никогаш нема да отстапиме од овие определби, пишува во обраќањето до членството Ахмети.

Во изминатите години ДУИ, посочува лидерот на партијата, работела на промовирањето на непосредна демократија, избегнување на навредите, но и реваншизмот против политичките противници.

– Исто така, ДУИ има промовирано државотворни вредности и покрај разликите кои се присутни кај нашите сограѓани кои се уште не го гледаат консензуалниот процес како неизбежен, но и користен за земјата, стои во честитката.

Партијата била, како што се наведува, ангажирана за подигнување на квалитетот на образованието, отворање на универзитети, основни и средни училишта, унапредување на локалната власт и ја приближила власта со граѓанинот, продолжи промоцијата на дијалогот, компромисот и разбирањето, граден е конструктивен дијалог со Брисел и Вашингтон…

– Соработката, взаемната поддршка, неспоредливата мобилизација и посветеноста кон заедницата се карактеристиките кои ги одбележаа активностите на нашите членови во сите организациони структури и овој дух на заедништвото и солидарноста ќе продолжи да ја карактеризира ДУИ, бидејќи таква ја сакаат Албанците, обединети и посветени едни за други и едни со други во служба на своите граѓани и државата, посочува во Ахмети во честитката по повод 14-годишнината од основањето на партијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com