HomeДЕНЕШНАПолитикаДУИ: Не за избори на 5-ти јуни! Има ли излез од политичкиот ќор сокак

ДУИ: Не за избори на 5-ти јуни! Има ли излез од политичкиот ќор сокак

ДУИ го повлече најверојатно главниот потег за одложување на закажаните избори на 5-ти јуни со тоа што излезе со официјален став дека нема да поднесе пратенички листи во законски предвидениот рок кој истекува денес на полноќ.

bujar osmani

Ставот на ДУИ го пренесе портпаролот Бујар Османи и со оваа одлука партијата се придружува на СДСМ и опозиционите партии кои веќе подолго време најавуваат целосен бојкот на 5-ти јуни.

Свои листи за пратеници нема да поднесе ниту ДПА со што ВМРО-ДПМНЕ останува единствена голема партија која и понатаму не се откажува од излегување на избори. Наредните неколку часови ќе бидат клучни за можно решавање на политичката криза или пак нејзино дополнително влошување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com