HomeДЕНЕШНАПолитикаДУИ, ДОМ и ДС ставија потпис за импичмент на Иванов – ДПА молчи

ДУИ, ДОМ и ДС ставија потпис за импичмент на Иванов – ДПА молчи

Иницијативата на СДСМ за импичмент на претседателот, Ѓорге Иванов поради одлуката за помилување на 56 политичари и функционери, вчера и формално доби поддршка од партијата на Али Ахмети. Потпис на иницијативата ставиле 16 од вкупно 19 пратеници на ДУИ. Според ова, зад иницијативата за поведување постапка за утврдување одговорност на шефот на државата бараат 53 пратеници.

Потпис на иницијативата ставија и трите независни пратенички, како и претседателите на ДОМ и Демократскиот сојуз, Лилјана Поповска и Павле Трајанов, а и пратеникот од Унитети, Зулфи Адили. Од ДПА ни вчера не одговорија дали ќе се приклучи кон иницијативата на колегите од СДСМ и ДУИ за одговорност на Иванов.

Социјалдемократите при доставувањето на иницијативата побараа претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски да го свика седница за да се поведе постапка за утврдување на одговорност на Иванов. Претседателот Вељаноски, соопшти дека по распуштањето, претседателот на Собранието нема уставни, законски и деловнички можности да свика седница.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com