HomeАНТИСТРЕСПатувањеДубровник ќе ги казнува туристите кои шетаат со костими за капење

Дубровник ќе ги казнува туристите кои шетаат со костими за капење

Градскиот совет на Дубровник усвои пропис, со кој се предвидува туристите, кои ќе се шетаат без облека или со костими за капење надвор од плажите, да бидат казнувани парично со илјада хрватски куни (околу 133 евра), јави Хина.

Советот ги одобри оваа недела измените во Правилникот, со кои им се овозможува на градските власти да ги казнуваат туристите, кои се шетаат низ Стариот град без дел од облеката. Ќе бидат поставени и табли на влезот во градот, кои ќе ги предупредуваат туристите за тие правила.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com