HomeДЕНЕШНАРепубликаДржавна видеолотарија го има и третиот МИЛИОНЕР

Државна видеолотарија го има и третиот МИЛИОНЕР

По првите две добивки Милионер Џек Пот во јуни, Државна видеолотарија на Република Македонија во јули го доби и третиот добитник на добивка Милионер Џек Пот на Државна видеолотарија на РМ.

Добивката во вредност од 1.273.356,00 денари е освоена во неделата, на 3ти јули. Среќниот играч кој стана милионер, добивка ја освои во клубот Сенатор во општина Аеродром во Скопје.

Претходните две добивки Милионер Џек Пот беа во вредност од 1.386.925,00 и 1.344.472,00, а беа освоени уште во текот на првиот месец од активирањето на Џек Пот добивките на Државна Видеолотарија на РМ кај деловните соработници

Добивките Џек Пот, Државна видеолотарија на РМ ги стартуваше на 01 јуни. Само во првиот месец, покрај првите два Милионер Џек Пота, имаме и над 400 Мини Џек Пота, од кои дури 226 се освоени во Спортлајф, а останатите кај другите наши деловни соработници.

Добивките Џек Пот се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Мини Џек Пот добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната Милионер Џек Пот добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.500.000,00 денари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com