HomeРЕФЛЕКТОРМузикаДрејк и понатаму на врвот

Дрејк и понатаму на врвот

Канадскиот музичар Дрејк ја продолжува својата доминација на листата на „Билборд“ на најслушани нумери веќе три недели по ред, со голема помош од продажбата на новиот албум „Views“, кој до почетокот на месец јуни беше продаден во 152.000 примероци.

Четвртиот студиски албум на Дрејк се наоѓа на самиот врв на графиконот на „Билборд“ најмногу поради големите активности на стриминг платформите, како што се „Спотифај“ и „Епл инк“ кои влегуваат во рамките на „Епл Мјузи“.

Секоја недела после објавувањето на новиот албум „Views“ прегледите на стриминг сервисите забележуваа пораст од 100 милиони прегледи. Популарниот албум на поп дивата Бијонсе, „Lemonade“, се искачи на третото место со продадени 79.000 примероци, вклучувајќи и речиси девет милиони стримови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com