HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаДраган Раца е новиот селектор на Македонската кошаркарска репрезентација

Драган Раца е новиот селектор на Македонската кошаркарска репрезентација

Денеска, конечно Македонската кошаркарска федерација го назначи новиот селектор кој ќе ја предводи нашата репрезентација во следните квалификации. Честа ја има српскиот стручњак Драган Раца чија задача ќе биде да ја одведе Македонија на следното Европско првенство за кое ќе се бориме во група со Луксембург, Унгарија и Велика Британија.

Овој професионалец, својата тренерска кариера ја започнал во 2002 година на клупата на „АЕЛ Лимасол“ од Кипар, потоа водел и екипи во првенствата на Либан и Кина. Неговиот последен ангажман е во кинескиот „Чунгкинг“, а претходно бил тренер и на „Ираклис“, „Олимпијас Патра“, „Апоел“, „Сагаза“ и „Гвангжу“.

Инаку, овој српски тренер досега бил и селектор на репрезентациите на Либан и Кипар, а со МКФ потпишал двегодишен договор од кој втората година е условена со пласман на Евробаскетот во 2017 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com