HomeДЕНЕШНАРепубликаДојран: Околу 200 учесници во недела ќе трчаат на плажа

Дојран: Околу 200 учесници во недела ќе трчаат на плажа

Околу 200 учесници в недела ќе ги одмерат силите на третата серија трки на пет километри на плажа „Beach Run 2016“ во Дојран.

Стартот е закажан за 18 часот под јаворите во Стар Дојран, а покрај досегашните учесници од трките во Скопје и во Претор, за учество можат да се пријават сите оние што сакаат да трчаат на трката на пет километри.

По двете истрчани трки во Скопје и во Претор на кои учествуваше и македонската атлетска елита, на табелата првите три позиции ги држат, во женска конкуренција Марија Стојановска, Весна Кираџиева и Марго Бојаџиева, а во машка, Игор Јакимовски, Атанас Анчевски и Пепи Анакијев.

По Дојран, следуваат трките во Маврово на 24 јули и финалната во Охрид на 31 јули.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com