HomeДЕНЕШНАРепубликаДојранските „пирани“ не се крволочни

Дојранските „пирани“ не се крволочни

Според наодите на Министерството за земјоделие „пираните“ или поточно амазонскиот паку вид на риби не се крволочни, односно не се опасни за безбедноста на луѓето иако имаше извештаи дека дојрански рибари биле каснати. Оваа риба не е автохтоно за езерото и претежно се храни со растенија, а била внесена најверојатно од несовесни граѓани кои чуваат вакви егзотични риби во своите аквариуми.

Министерот Костадиновски како и градоначалникот Дамов посочија дека треба да се почитуваат наодите на државните институции и да не се креира непотрбна паника која само му наштетува на туризмот во Дојран. Досега се уловени два примерока од „страшната“ пирана, но со дополнителни генетски испитувања ќе се утврди нејзиното потекло, вид и карактеристики.

Експерти од заводот за хидбробиологија тврдат дека рибите пирани или паку нема да им одговараат ниските температури на езерото во текот на зимата и дека самите ќе исчезнат со што нема закана кон екосистемот во Дојран.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com