HomeДЕНЕШНАСветДојава за бомба, откажан лет од Минск за Милано

Дојава за бомба, откажан лет од Минск за Милано

Авион од Беролуската компанија Белавија не полетал од Минск за Милано поради дојава дека во авионот се наоѓа бомба. „Непознат маж се јавил на локалниот телефон и пријавил бомба во авионот“, изјави портпаролот на полицијата во Минск, Александар Ласовски. Авионот според распоредот за летање требало да полета во 11:50 по локално време.

Тој исто така додал дека летот Б2-881 бил одложен на неодредено време. Експертите за деактивирање на експлозив се на патот до аеродромот, но таа информација не ја коментираше прес службата на аеродромот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com