HomeДЕНЕШНАЕкономијаДОМ сериозно загрижен за опасноста од рудникот Иловица врз Македонија

ДОМ сериозно загрижен за опасноста од рудникот Иловица врз Македонија

По одржаната јавна расправа за оценка на влијанието врз животната средина, ДОМ е сериозно загрижен за планот на Еуромакс Ресурсис за изградба на површинскиот рудник за злато Иловица што може да донесе крајни последици за регионот во струмичко.

„Овој проект ќе има сериозни закани по здравјето на луѓето преку загадувањата на почвата, водите и воздухот со опасни тешки метали и хемиски супстанции, а воедно ќе направи и непоправлива промени на релјефните карактеристики на пределот и загрозување и уништување на водотеците, животинскиот и растителниот биодиверзитет на целиот струмички регион, но и во соседните земји Бугарија и Грција“ – рече портпаролот Тони Ристов.

ilovica proekt

Според почетните презентации на Еуромакс Ресурсис предвидено е половина од планината Огражден да биде пресечина и да се ископуваат илјадници тони руда годишно, а при процесот ќе се користат и тешки хемикалии. ДОМ не е уверен дека компанијата ги земала во предвид сите опасности и дека нема план снабдувањето на огромни количини на вода кои се неопходни во рудник со злато со мега капацитет.
– Со извадената почва ќе биде подигнато хидројаловиштето во долината на река Штука, преградено со брана, но без целосна заштита од понирање на опасните материи во почвата и доаѓање во допир со подземните води. По завршувањето на работите во отворениот коп ќе се создаде езеро, од кое ќе се појави опасност од прелевање по надојдени води или од појава на свлечиште од граничните работни страни на површинскиот коп, што претставува отворена закана од поплавување на Струмичко поле, објаснуваат од ДОМ.
Со започнувањето на експлоатацијата на злато и бакар ќе дојде до загадување на почвите и водите со високо отровниот тежок метал арсен, кој во зголемени концентрации ќе се појави во водите на реките Јазга и Штука, но и во подземните води на Струмичко поле. Закана постои и од цијанидот, кој е една од најотровните хемиски супстанци, а кој ќе се употребува за чистење на златото, и ќе биде одложуван во хидројаловиштето на рудникот, а за што инвеститорот не гарантира 100% заштита од одложеното отровно дејство.

ilovica stuka

Апокалиптична е изјавата на Еуромакс Ресурсес, кои најавуваат дека нема да постои можност од возобновување на шумскиот фонд и дека ова подрачје ќе остане трајно неупотребливо за економски или било какви други активности. Од подрачјето ќе исчезнат сите животински видови кои го населуваат просторот, а за кои компанијата најавува невозможна операција за нивно преселување во нови живеалишта.
Затоа, ДОМ бара од надлежните институции, пред се Министерството за животна средина и просторно планирање да не дозволи започнување со работа на рудникот Иловица. ДОМ до МЖСПП ќе испрати коментари и забелешки по направената Студија за оцена на влијанието врз животната средина, но ќе побара и запирање на сите постапки за отворање на рудникот и престанување на важење на концесискиот договор.

ilovica

Од ДОМ сме убедени дека во Македонија несмее да има место за валканите индустрии и бизниси. Македонија несмее да стане место каде сомнителни компании ќе ни ја уништуваат природата, здравјето на луѓето и храната и за таа цел неопходна е транспарентност и силен институционален и граѓански мониторинг. Својот развој Македонија мора да го пренасочи кон чисти технологии, зелена економија и циркуларна економија, за да се постигне баланс на економските, социјалните и еколошките аспекти и потреби – рече на крајот на прес конференцијата Ристов.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com