HomeДЕНЕШНАПолитикаДОМ предложи серија на закони за крај на урбаниот хаос

ДОМ предложи серија на закони за крај на урбаниот хаос

ДОМ како единствена „Зелена“ партија во Македонија предложи нова серија на закони со која треба да се стави крај на урабаниот хаос и политиките кои се на директна штета на квалитетот на живот на граѓаните, загадувањето на животната средина и уништување на ресурсите.

– ДОМ како зелена партија, предлага пакет закони во урбанизмот, за нормален живот на граѓаните: нов Закон за просторно и урбано планирање, нов Закон за градење, вистински Закон за зеленило и закони за градски архитект. Овие закони треба да се базираат врз урбанистички стандарди и нормативи кои водат сметка за намената на просторот, густината на населението, висината на објектите, зелени површини, проветрување, изложеност на сонце, проток на сообраќај и редица стручни параметри. Ова се наши долгогодишни заложби, кои досега не наидоа на политичка поддршка – рече Маја Морачанин од ДОМ.

Досега ниту еден предложен закон на ДОМ не е прифатен, а мотивите според нив се многу јасни, да продолжи тоталниот хаос кој му одговара на дел од градежниот сектор поврзан со политичари и локални моќници. Токму затоа се случуваат постојано скандали и екцеси во градежништвото и урбанизмот, а граѓаните најмногу ги трпат штетите потоа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com