HomeДЕНЕШНАПолитикаДОМ: Наместо прогон, пристап до медицинскиот канабис за болните

ДОМ: Наместо прогон, пристап до медицинскиот канабис за болните

ДОМ апелира до институциите за прогон да не се занимаваат со гонење на граѓани кои за свое лекување или за лекување на други болни лица бараат начин како да дојдат до медицински канабис.

„Сметаме дека неправедно се малтретираат луѓе како Филип Достановски од организацијата за медицински канабис „Зелена алтернатива”. Наместо прогон потребен е по брз и поефтин пристап до медицинскиот канабис за болните лица. Тоа значи дека е потребно да се либерализира целата постапка за производство на овие препарати, се разбира, со конрола од државата. Но мора да се обезбеди пониска цена за лекот, по можност од домашно производство.

ДОМ го поддржа легализирањето на употребата на медицински канабис и поднесе редица амандмани за поголема достапност за болните по пониски цени. Тогаш беа одбиени амандманите но време е да се преиспита законот и во него да се интервенира“, се вели во реакцијата од партијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com