HomeДЕНЕШНАПолитикаДОМ: Градежната мафија го уништува Водно

ДОМ: Градежната мафија го уништува Водно

ДОМ реагира со згрозеност на еколошкиот криминал кој повторно му се случува на Водно. Градежната мафија го нападна делот над Детската клиника каде се сечат дрвја за да се пробијат диви патишта од по неколку километри, преку кои ќе се носи градежен материјал за изградба на приватен објект за домување, вели ДОМ.

ДОМ бара: Надлежните од општина Карпош, во чиј опфат се врши овој еколошки криминал, како и Град Скопје итно да излезат на терен и да спречат понатамошни активности на теренот. Санкционирање на криминалот со покренување кривична пријава и судска завршница. Прекршителот итно да изврши целосно обесштетување за нанесената штета.
Вистинско враќање на статусот заштитено подрачје на Парк Шума Водно, како и носење на вистински Закон за зеленило“, стои во реакцијата на ДОМ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com