HomeАЈНШТАЈНИЈАДолгорочното вежбање е добро за здравјето, но и за новчаникот!

Долгорочното вежбање е добро за здравјето, но и за новчаникот!

Чланарината за теретана и учеството во разни спортови кој ја потикнуваат физичката активност можат да бидат прилично скапи и понекогаш се чини дека не се исплатливи. Ново истражување, покажува дека долгорочното вежбање сепак ви заштедува пари. Научниците од американското здружение за срцеви заболувања анализирале податоци на 26.000 Американци кои во анкетата октриле детали околу својата физичка активност.

Им била дадена програма за вежбање според која било пропишано умерено вежбање половина час, пет пати неделно, или 25 минути интензивни вежби три дена во неделата. Истражувањето, објавено во магазинот „Journal of the American Heart Association“ утврдило дека пациентите со срцеви заболувања, со преполичаната количина на вежбање, заштедиле 2.500 долари годишно на сметки за лекарства и посети на болници.

Дури и лицата без срцеви заболувања и здравствени ризици заштедиле во просек 500 долари. Авторот на истражувањето Курам Насир, изјавил дека доколку само 20 отсто од лицата со срцеви заболувања, кои моментално не вежбаат, започнат да се занимаваат со физичка активност, на САД би му заштедиле шест милијарди долари годишно од здравството.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com