HomeГИГА БАЈТХај текДолгоочекуваниот Huawei P9 промовиран и во Скопје

Долгоочекуваниот Huawei P9 промовиран и во Скопје

http://www.mobilegsmarena.com/wp-content/uploads/2016/04/Huawei-P9-Lite.jpg

Во одлична атмосфера во хотел Русија во присуство на бројни гости и претставници на Huawei, беше промовиран новиот и долгоочекуван Huawei P9.

Ова е првиот паметен телефон кој соработува со светскиот култен бренд Leica. P9 има двојна камера со што фотографирањето кај паметните телефони од сега оди чекор понапред достигнувајќи ново ниво, и со тоа им овозможува на корисниците да ги доловат и најживописните бои како и впечатливи црно-бели фотографии. Присутните имаа можност да се убедат во неприкосновените перформаси со кои Huawei докажа уште еднаш дека постави нови стандарди во однос на фотографијата кај паметните телефони.

Клучот за суперлативните способности за фотографирање на P9 е дизајнот со двојна камера која целосно ја ослободува моќта на оптичката леќа на Leica, позната по својата прецизност и внимание на детали, и во согласност со најстрогите барања за скрининг квалитет во индустријата. RGB сензорот на двојната камера на P9 е специјализирана за снимање на боја, додека монохроматскиот сензор е извонреден во потенцирањето на деталите кај сликатa.

Двете задните камери на P9 работат во тандем за да им овозможат на корисниците да се создадат слики со супериорни детали, длабочина и боја. P9 навистина е осетлива при слаба осветленост, бидејќи двојната камера, гарантира повеќе светлина и секој детал може да биде фатен.

Новиот Huawei P9 е веќе достапен на македонскиот пазар.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com