HomeФЕР ПЛЕЈФудбалДоколку тие пристигнат, Челси ќе има навистина „пеколна“ дефанзивна линија!

Доколку тие пристигнат, Челси ќе има навистина „пеколна“ дефанзивна линија!

Конте во повеќе наврати нагласи дека му недостасува засилување во последната дефанзивна линија, доколку пристигнат посакуваните цели Куртоа ќе може да оди на „одмор“. Спотед италијанските медиуми Челси и понатаму е во трка за Кулибали до Наполи. Наполи одби неколку понуди од Челси, но Конте не се откажува лесно. Челси испратил сума од 55 милиони евра плус бонуси, а оваа понуда наводно ја натерала управата на Наполи да размисли за продажба на 25-годишниот Сенегалец, а како замена планираат да го доведат Мартин Касерас.

kulibali640486262020160322202755

Сепак ова не е крај на листата на желби кога е денфанзивната линија на Челси во прашање. Како што пишуваат швајцарските медиуми двајца репрезентативци на Швајцарија, односно левиот бек на Волфзбург и десниот бек на Јувентус се на чекор од потпис со Челси.

Рикардо Родригез беше и на „мета“ на Венгер, но тој се откажа од Швајцарецот. И Челси беше споменуван од порано, се веруваше дека Волфзбург нема желба да го пушти својот фудбалер, но сега медиумите пренесуваат дека самиот фудбалер изразил желба за трансфер и дека понуда од 15-18 милиони евра би била прифатлива за Волфзбург.

369239_640

Што се однесува до десниот бек на Јувентус, станува збор за Лихштајнер, кој по доаѓањето на Дани Алвеш од Барса падна во втор план. На првиот натпревар од новата сезона против Фиорентина Швајцарецот ја „грееше“ клупата. Постои можност Челси да издвои 10 милиони евра за неговите услуги, или да направи замена со Квардадо, кој е голема желба на Јуве.

listajner

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com