HomeДЕНЕШНАРегионДодик: Србија треба да биде покрај Република Српска во сите околности

Додик: Србија треба да биде покрај Република Српска во сите околности

Претседателот на Република Српск, Милорад Додик изјави денеска дека Република Српска никогаш не била лишена од опасноста да исчезне, дека тоа и сега е случај, но дека тој има доверба во Србија, односно во премиерот Александар Вучиќ и претседателот на Србија Томислав Николиќ.

Додик истакна дека ја пренел загриженоста на Вучиќ и дека од Србија очекува да застане покрај РС.
„Мислам дека Република Српска никогаш не била лишена од опасноста да исчезне, а денес очигледно е изразено време во кое таа опасност постои. Доаѓам од состанокот со Вучиќ и нему му ја изразив загриженоста и јасно му кажав дека очекувам Србија да застане покрај Република Српска во сите околности“, објасни Додик на собирот посветен на состојбата во регионот во организација на Центарот за развој на меѓународната соработка.

Претседателот на РС исто така нагласи дека е се повеќе загрижен поради тоа што Европа пробува, како што наведе тој, да го спаси социјалниот или некаков друг мир, со договорот со Турција која со години се вклучува во внатрешните прашања на БиХ и тоа исклучиво на страна на Бошњаците.

Тој изјави и дека единствен излез за БиХ е враќањето кон Дејтонските рамки, како и дека без регионален договор за нормализација нема ништо да се направи. Според неговите зборови, странците тука доаѓаат само поради нивните кариери.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com