HomeДЕНЕШНАРегионДодик: Република Српска не се откажува од референдумот

Додик: Република Српска не се откажува од референдумот

Република Српска нема да се откаже од референдумот за Денот на РС во Република Српска и тој ќе биде одржан на 25 септември, повтори денеска претседателот на РС, Милорад Додик, во разговорот со рускиот амбасадор во БиХ, Петар Иванцов.

Како што соопшти кабинетот на претседателот Додик, референдумот бил главна тема на разговорите со рускиот дипломат.
Амбасадорот Иванцов во разговорот со Додик кажал дека Руската федерација се согласува народот на Република Српска да има право преку референдум да го искаже својот став. Претседателот на Република Српска и рускиот амбасадор размениле мислења и за уште неколку актуелни прашања во Република Српска и БиХ, се наведува во соопштението.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com