HomeФЕР ПЛЕЈФудбалДодека се чека „бомба“ во Челси претставен Шпанецот!

Додека се чека „бомба“ во Челси претставен Шпанецот!

Челси од денес е посилен за поранешниот фудбалер на Болтон и Сандерленд. Човекот кој доаѓа од школата на Реал Мадрид Маркос Алонсо стави потпис на петгодишен договор со Челси. Овој трансфер веќе неколку дена беше најавуван, според некои информации Челси за услугите на на овој бек на Фиорентина и исплатил сума од 27 милиони евра. Алонсо проникна во Реал, но за првиот тим одигра само еден натпревар, а кариерата ја градеше на Островот играјќи за Болтон и Сандерленд.

Овој играч има 25 години и некарактеристична висина за својата позиција (188цм), а се карактеризира со одлично изведување на слободни удари од зоната на шутот. „Многу сум среќен. Ова е чекор напред во мојата кариера и дефинитивно совршено место за да го продолжам својот развој. Време е да освојувам титули“, изјави Алонсо по доаѓањето во новиот клуб.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com