HomeДЕНЕШНАПолитикаДодека ЕБР ги тепаше студентите избран нов лидер на СПУКМ

Додека ЕБР ги тепаше студентите избран нов лидер на СПУКМ

Во напната и тензична атмосфера која повеќе наликуваше на акционен филм, а не на студентски несогласувања е избран нов лидер на СПУКМ. Доцна синоќа изброени се гласовите и победник е Давор Поповски, студент на ФИНKИ.

student povereden

„Бараме Универзитетот веднаш да реагира против тепањето на студенти, да не ги признае изборите и да побара истрага за случувањата на УКИМ. Во спротивно, ќе ја опструираме работата на СПУКМ и нема да ги признаваме одлуките на органите на УКИМ“, изјави Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум.

policija spukm1

Од Студентскиот пленум реагираат и за бруталната реакција на полициските специјалци бидејќи насила беа извлечени од пред вратата на канцеларијата на СПУКМ каде мирно седеа и протестираа за однесениот гласачки материјал кој исто така на многу сомнителен начин беше префрлен со кавги, тензии и судири.
СПУКМ повторно соопшти дека се е во ред и дека изборите биле најрегуларни. Нивниот досегашен лидер Спировски доцна вечерта се обиде од задниот влез да излезе од канцеларијата со придружба на ЕБР, но демонстрантите не му дозволија.

davor-popovski

„СПУКМ изразува жалење за обидот на Студентскиот пленум да го наруши гласањето за избор на нов студентски лидер, со што уште еднаш покажа дека е политички мотивиран и не работи за студентите и студентското достоинство. Денес и покрај сите подметнувања, притисоци и опструкции на изборите од страна на Студентскиот пленум, победи демократијата и победија студентите со што покажаа дека нема потклекнување на студентското движење на разно-разни политички иницијативи и обиди за политизација на студентското движење“, соопшти СПУКМ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com