HomeРЕФЛЕКТОРФилмДобиле бројни Оскари, а воопшто немале идеја што работат!

Добиле бројни Оскари, а воопшто немале идеја што работат!

Филмот на Риди Скот „Гладијатор“ ја одбележа церемонијата на доделување на Оскари во 2001 година, кога после 12 номинации ја освои престижната награда во дури пет категории, меѓу нив и за најдобар филм. Некој би рекол дека зад такв успех сигурно мора да стои прецизен план во кој се опфатени и најмалите ситници. Но, Расел Кроу вели дека воопшто не било така.

„Имавме само 21 страница материјал кога почнавме да снимаме. Просечен сценарио има околу 110 страници“, вели човекот кој тогаш стана оскаровец благодарение на впечатливата улога Максимус. Иако продукцијата чинела милиони долари, иако биле направени огромни, детални кулиси и биле ангажирани стотина статисти, Скот и Кроу наводно цело време импровизирале.

„Беше тоа најглупиот можен начин за снимање на филм, навистина најглуп. И денес кога ќе се сретнеме некаде дискутираме за тоа како успеавме да се извлечеме со тој филм“, вели Кроу. Како што вели тој, Скот во една прилика дури морал на екипата да и даде и слободен ден.

„Моравме да седнеме дома кај мене, да ги повикаме продуцентите и да мислиме на следниот чекор. Но не само што така го завршивме филмот, туку тоа беше и најдобриот филм, доби и Оскар“, истакна Расел Кроу.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com