HomeАНТИСТРЕСХороскопДневен хороскоп

Дневен хороскоп

Овен
Моменталната поставеност на планетите навестува многу акција и настани. Ќе бидете многу немирни и емоционално нестабилни. Не донесувајте нагли одлуки и не решавајте за ништо важно, бидејќи ќе бидете под влијание на спротивставување на желби, па и вашето однесување ќе биде непредвидливо. Емотивните односи ви се нестабилни особено кај оние во сериозните врски.

Бик
Не сте подготвени да попуштите пред барањата на некој кој сметал на вас. Не влегувајте во расправии со ониe кои не се доволно зрели или кои имаат нешто против вас. Денес можете да бидете прилично сентиментални или носталгично расположени поради нешто што се однесува на вашиот успех во минатото. Имате можност да го повторите. Верувате дека ќе можете да се снајдете во некоја нова работа која би можела да ви донесе добра заработка.

Близнаци
Убаво ќе се забавувате и покрај тоа што некои личности ќе се обидат тоа да ви го расипат. Ќе бидете духовити и рамнодушни што се однесува до нив едноставно омаловажете ги. Ве очекува љубовна средба која долго ја планиравте, и после која треба да донесете некои важни одлуки. Бидете потрезвени размислете добро, внимавајте да не избрзате. Очекувајте пари, особено ако имате некој во странство.

Рак
Ќе размислувате на креативен начин. Бидејќи нема да имате некоја среќа во функционирањето на материјален план ќе се ориентирате на работи кои ќе ви помогнат убаво да се чуствувате. Некои претставници ќе уживаат во риболовот, некои ќе медитираат, а пак некои ќе пишуваат песни. Во секој случај ќе уживате. Кај некои претставници можна е нова љубов.

Лав
Еден од подобрите денови ако имате намера да започнете соработка или разговор за тоа со некој Рак или Стрелец. Јарецот има практични совети кои можат да ви бидат од голема корист ако имате време да се сретнете со лице кое често патува во странство и има добри врски со деловни лица. Можете да добиете повик кој ќе ве направи среќни.

Девица
Претставниците на овој знак се поставуваат авторитативно без намера, всушност нема ни да бидат свесни за тоа. Деловниот партнер или членовите на семејството може да добијат впечаток дека им префрлате за нешто. Комуникациите ќе ви бидат нарушени, затоа не навлегувајте во долги дебати, бидејќи ќе завршат со кавги.

Вага
Нагласено е астролошкото поле на патот и комуникациите и ви носи нови средби. Ако сте подготвени за некои нови нешта и планирате да ги работите заедно со долгогодишните колеги или со роднините добро размислете дали тоа за вас е вистинското решние. Ако имате смисла за некоја уметност, спорт или имате креативни планови, не се предомислувајте уште на самиот почеток.

Шкорпија
Подготвени сте во нешто да попуштите и да го направите првиот чекор кон нешто што би можело за вас да биде вистинско решение на долг рок. Можно е да станува збор за работата која би можела да донесе можност за чести патувања во странство или некој вид на популарност. Ако планирате да инвестирате пари во некоја нова работа, прашајте го за совет лицето со кое некогаш работевте заедно.

Стрелец
Месечината во Сатурн во вашиот знак во добар аспект со Марс и Венера ви носи сигурност во себе кога станува збор за работата, иако можеби станува збор за некои проекти на кои никогаш не сте рбаотеле. Потребна ви е поддршка од лицата во вашето семејство или некој многу близок со кој можете за се искрено да разговарате. Можен е практичен совет од некој Бик.

Јарец
Имате начин да ги решите проблемите само не би требало премногу да се оптеретувате со минатото. Ќе добиете повик да се сретнете со некој кој долго го познавате и со кој ќе обавите разговор во четири очи. Ќе добиете доверливи информации кои ќе ви бидат од голема корист во секој поглед.

Водолија
Добрите односи со пријателите и дружбата во поголемо друштво ќе ви донесат многу интересни средби. Верувате дека сте на вистинскиот пат да направите нешто што од вас се очекува, но и вие исто така имате неколку барања кои сакате да ви бидат исполнети. Кога станува збор за работата инсистирајте на фер односи.

Риби
Интересен ден ако знаете како да комуницирате со оние кои се постари од вас. Ќе ви помогне Сонцето и Меркур, но Месечината и Сатурн ќе ја погодат вашата суета и амбиција. Имате впечаток дека многумина се против вас но на тоа не му обрнувате многу внимание. Не се нервирајте претерано поради нешто што не е тесно поврзано со вас.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com