HomeАНТИСТРЕСХороскопДневен Хороскоп: Бикот сигурен во себе, Ракот вознемирен

Дневен Хороскоп: Бикот сигурен во себе, Ракот вознемирен

Овен

Размислувате на примитивен начин, раководени од импулсите. Бидејќи сакате да ги задоволите „ниските страсти“ не избирате средства да го остварите она што сте го наумиле. Ќе бидете во состојба кон некој да завземете заштитнички став.

Бик 

Сигурни сте во сопствените цели. Настојувате да истраете. Ја користите креативната сила на адекватен начин, првенствено давајќи љубов на многумина. Чувствувате потреба за попустливост, што инаку не е ваша силна страна.

Близнаци

Емоционалната ранливост и желбата за љубов моментално се евидентни. Само треба да бидете во добра состојба за сето тоа да го реализирате. Остварете барем нешто, бидејќи само така ќе се чувствувате исполнето. Бидејќи од партнерот го барате невозможното, пожелно е да се спуштите на земја.

Рак

Иако се чувствувате вознемирено, остварувате добар однос со родителите, партнерот, пријателите. Тие ви се неопходни како лек за надминување на состојбата во која се наоѓате, затоа дадете им максимум од вашето време. Можна е зголемена нервоза.

Лав

Се наоѓате во конфликтна ситуација со сами себе. На момент се изгледа во ред, а набрзо станувате незадоволни. Должноста и семејните обврски влијаат на тоа да го запоставувате хобито, што го зголемува внатрешното незадоволство и грижата на совест.

Девица

Романтични сте, завртени кон љубовта и зборовите и делата. Поминете го денот покреативно од вообичаено. Уметнични сте исполнети, љубовно инспирирани и подготвени за големи дела. Доколку не ги остварите, барем ќе бидете исполнети со среќа.

Вага

Алтруистички сте настроени. Им излагате на сите во пресрет. Слободните моменти поминете ги во друштво, зрачејки со оптимизам. Ја пребродивте финансиската криза и се чувствувате одлично.

Шкорпија

Вознемирувачкиот период се завршува, па обидете се да се опуштите. За жал, тоа тешко ви успева, бидејќи секогаш сте под дејство на задоцнети реакции. Зголемената нервоза е последица на претходниот период.

Стрелец

Успевате некого да го убедите во нешто, иако и сами сте скептични. Зачудени сте колкаво влијание имате на опкружувањето. Доколку до сега не сте заштедиле некои пари, редно време е да тргате некој денар на страна.

Јарец 

Искористете ја длабочината на мислите и моќта за максимална концентрација. Завртете се кон работите кои ги бараат овие особини, бидејќи, за жал, ги немате секогаш во доволна мера. Некој ваш пријател ќе ве изненади со некоја прекрасна вест.

Водолија 

Полни сте со енергија. Не седете со скрстени раце, туку фрлете се во акција. Бидејќи се се врти околу љубовта, размислувајте за тоа како да ги изградите пропуштените шанси. Хобито со кое се занимавате го доведувате до перфекција.

Риби

Потиштени сте. Некој може да ја искористи вашата состојба и да ве злоупотреби. Незадоволството од љубовниот живот е само последица од вашите нервози и преосетливоста. Размислете малку за вашите постапки и ветувања.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com