HomeРЕФЛЕКТОРМузикаДи-џеј Калед го достигна врвот!

Ди-џеј Калед го достигна врвот!

Наместо канадскиот рапер Дрејк, кој веќе некое време успешно ја држи првата позиција на листата на „Билборд“ од најслушани албуми, музичкиот продуцент ди-џеј Калед конечно може да се пофали со заземањето на првата позиција на листата „U.S. Billboard 200 album chart“.

Албумот на ди-џејот Калед „Major Key“, беше продаден во 59.000 примероци, синглови во 80.000 примероци, додека неговите нумери по пат на стриминг сервисите само минатата недела биле емитувани 42 милиони пати.

Di-dzej-Kaled-f2

Успехот на новиот албум може да се препише и на соработката на Калед со Дрејк, Џеј-Зи и Ники Минаж. Дрејк, кој со албумот „Views“ првата позиција ја држеше 12 недели по ред, оваа недела се нашол на втората позиција со 80.000 продадени албуми и синглови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com