HomeФЕР ПЛЕЈРакометДијана Илина е новото супер засилување на ЖРК Вардар

Дијана Илина е новото супер засилување на ЖРК Вардар

Ракометниот првак на Македонија, женската екипа на Вардар за новата сезона се засили со младата Дијана Илина која има 20 години и веќе е репрезентативка на Белорусија. Таа доаѓа од белорускиот првак, Гомељ и сезоната ја заврши со титула во Белорусија и во Балтичката регионална лига. Има интернационална кариера со тимот на Астраханочка во Русија, каде настапуваше во есенскиот дел од ланската сезона, пред да се врати во Гомељ.

ilina-1

„Многу малку знам за Вардар, освен само што гледам натпревари на клубот во Лигата на шампионите. Вардар е навистина голем клуб со големи амбиции. Како и секој играч и мојот сон е да играм во ЛШ и среќна сум дека ја добив оваа шанса. Ќе дадам се од себе, ова е навистина понуда што не се пропушта. Многу добра шанса за мене како млад играч да настапувам за екипа како Вардар и да имам вака силни натпревари. Добра шанса да го пробам и да го осетам овој квалитет на игра, изјави Илина по доаѓањето во Скопје.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com