HomeДЕНЕШНАРепубликаДисциплински мерки против медицинскиот тим од Гевгелија

Дисциплински мерки против медицинскиот тим од Гевгелија

bolnica nova zamaglenaПротив медицинскиот тим во кои во гевгелиската болница се сликале покрај пациент со остворен стомак, ќе се поведат соодветни мерки. Од таму информираат дека е формирана дисциплинска комисија која ќе земе изјави од целата медицинска екипа, по што ќе биде испратен предлог до директорот за да се поведе постапка за дисциплински престап што подразбира 20 до 30 проценти казна од плата во траење од еден до шест месеци. Медицинскиот тим коj направил селфи додека е пациентот под дејство на анестезија, го повредил Законот за здравствена заштита и Правилникот за хоспитална култура се вели во одговорот од болницата.

-„ Во врска со објавените информации дека доктори од гевгелиската општа болница “се сликале со отворен стомак на пациентот” ве информираме дека веднаш по добивањето на информацијата се превземени соодветни законски мерки за санкционирање на здравствените работници инволвирани во случајот“. Согласно Законот за здравствена заштита(член 186,став 1,точка1),станува збор за дисциплински престап за кој се поведува соодветна дисциплинска постапка.За целиот случај ќе биде изготвен и соодветен извештај,кој уште денеска ќе биде доставен до Клиниката за ТОАРИЛУЦ, каде е вработена една од докторките од случајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com