HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаДисциплинска постапка против Антиќ и Самарџиски, поранешните репрезентативци пред суспензија

Дисциплинска постапка против Антиќ и Самарџиски, поранешните репрезентативци пред суспензија

Перо Антиќ и Предраг Самарџиски ги очекуваат суспензии од страна на ФИБА откако Управниот Одбор на Македонската Кошаркарска Федерација само ја потврди одлуката на највисокото раководство за покренување на дисциплински постапки против двајцата поранешни репрезентативци – пренесува Екипа.

Антиќ и Самарџиски се товарат за прекршување на правилникот за настап за националните селекции, односно нивното непојавување на подготовките за квалификациите за Евробаскет 2017. Антиќ преку својот агент испратил писмо до МКФ порачувајќи дека нема да настапува за репрезентацијата, додавајќи дека одлуката не е нова, туку е донесена пред три години. Од друга страна, Самарџиски воопшто не дал официјално објаснување за отсуството, па сега двајцата кошаркари ќе одговараат поради одлуката да не бидат дел од националниот тим.

Вообичаената пракса е федерациите за вакви ситуации да испратат пријава против кошаркарите до ФИБА, по што автоматски следи и суспензија за играчите. Останува да се види каква ќе биде конечната одлука на европската куќа на кошарката и колкава би била суспензијата што ќе им се изрече на Антиќ и на Самарџиски.

„Вакво нешто очекував. Можете да видите кој мисли добро на кошарката. Сакаат да ми ја загрозат кариерата и мојата заработувачка. Најмногу сум разочаран дека сме биле како едно семејство, сме растеле заедно со тие луѓе, но на крај мора да пробати она балканското, кога ќе бидеш на голема функција да почнеш да се одмаздуваш“ изјави Антиќ кој вчера беше дел од хуманитарна акција организирана од магазинот „Портрет“

Само за потсетување, Антиќ има уште најмалку една година од актуелниот договор со европскиот вицешампион Фенербахче, додека Самарџиски моментно е без ангажман.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com