HomeДЕНЕШНАЕкономијаДиректорки, актерки, пејачки – Кои се најбогатите жени на светот

Директорки, актерки, пејачки – Кои се најбогатите жени на светот

Економскиот магазин води евиденција и за најбогатите жени на планетата чие богатство е далеку помало во однос на мажите кои доминираат во светот на бизнисот, политиката, спортот и забавата, но одреден број на дами може да се пофалат со неколку цифри на своето конто и пробив во највредните индустрии.

diane hendriks

Меѓу жените убедливо најбогата е најстарата членка е Дајан Хендрикс (69) која со сопругот Кенет во 1982 ја основала Еј-Би-Си саплај. Откако почина нејзиниот маж во 2007 година успеала да одбие обиди за преземање на компанијата и денес има богатство од 4,9 милијарди долари што и обезбедува прво место на листата, пред водителката Опра Винфри која со нејзината ТВ мрежа вреди 3,1 милијарда долари.

Најмлада на насловната страна на Форбс е 32-годишната Софија Аморузо која пред 10 години го основаше модниот бренд Нести гал и сега има 280 милиони долари, На листата единствено помлада од неа е поп пејачката Тејлор Свифт (26) која со богатство од 250 милиони долари е на 60 позиција, а четири места пред неа е Бијонсе која има 265 милиони долари.

JESSICA-ALBA

Влијателните Шерил Сендберг и Мариса Мејер, директорки во Фејсбук и Јаху се на 14 и 33 место, а актерката Џесика Алба со својата компанија за козметика и парите заработени од актерството се избори за 42 место.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com