HomeДЕНЕШНАЕкономијаДипломатски договор – Газпром ги доби првите дозволи од Турција за Турски поток

Дипломатски договор – Газпром ги доби првите дозволи од Турција за Турски поток

Рускиот гасен гигант „Газпром“ ги доби, по дипломатски пат, првите дозволи од турските власти за започнување со работата на „Турски поток“, откако годинава беше решено проектот за госоводот да биде обновен, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение на фирмата.

По разговорот меѓу раководителот на „Газпром“ Алексеј Милер и турскиот министер за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак во Истанбул, минатата недела беше постигнат договор за брзо завршување на неопходните подготвители процедури за почетокот на проектот.

– Почетокот на издавање на дозволи е одлична вест за „Газпром“, истакна Милер.

Според неговите зборови, овој чекор на Турција ја покажува заинтересираност на турската Влада за проектот „Турски поток“ и сведочи за преминување кон практична реализација.
turski-potok
Откако Русија се откажа од спроведувањето на проектот „Јужен поток“, поради барањата на ЕУ гасоводот да одговара на таканаречениот трет енергетски пакет, беше решено да се гради „Турски поток“. Последователно преговорите за проектот беа запрени, вклучително и поради кризата во односите со Турција.

Проектот предвидува изградба на гасовод преку Црното Море до европските делови на Турција и потоа кон границата со Грција. Должината на морскиот дел е околу 910 километри, а на копнениот, на територијата на Турција, 180 километри. Моќноста на секоја од четирите цевки на гасоводот се предвидува да биде 15,75 милијарди кубни метри. Вкупната вредност на проектот изнесува 11,4 милијарди евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com