HomeДЕНЕШНАПолитикаДимова обвини за полициски притисок, ВМРО ја повика да си ја плати казната

Димова обвини за полициски притисок, ВМРО ја повика да си ја плати казната

Пратеничката Лидија Димова од СДСМ на прес конференција се пожали на притисок од сообраќајната полиција која по еден месец дошла во нејзиниот дом да и достави записник за сообраќаен прекршок за време на еден од протестите на Шарената револуција. Таа поднесе и жалба до внатрешната контрола на МВР.

Од друга страна пак, ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека мора да си ја плати казната за сообраќајниот прекршок и од тоа да не прави политички театар.

„Пратениците исто како и граѓаните мораат да си ги плаќаат казните за сообраќајните прекршоци. Лидија Димова се заразила со вирусот на аболираниот криминалец Зоран Заев. Заев мисли дека е црпнат од господ за да краде и незаконски да се богати без да сноси одговорност. Лидија Димова, пак, смета дека сите граѓани може да бидат казнети за сообраќаен прекршок, но таа не смее, затоа што била предложена за пратеник од страна на аболиран криминалец“, стои во реакцијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com