HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК ќе пресметува од проверките колку гласачи се нелегални

ДИК ќе пресметува од проверките колку гласачи се нелегални

Државната изборна комисија ќе има тежок период да ги спроведе сите заклучоци кои произлегуваат од теренските и административните проверки на избирачите и базите на податоците, но роковите и понатаму тешко се исполнуваат, а датумот за избори се ближи се повеќе.

Државната изборна комисија во моментов е фокусирана на внес и обработка на податоците од анкетните прашалници во единствената електронска апликација. Се прават напори сите податоци да бидат на време внесени и соодветно обработени.

Последното соопштение на ДИК е дека сите добиени податоци од анкетите ќе се внесуваат во единствениот елетронски регистар и потоа ќе се изведат заклучоци, при што секако ќе има различни толкувања и натегања меѓу политичките партии.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com