HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК спремни за избори – Обучена прва група на изборни административци

ДИК спремни за избори – Обучена прва група на изборни административци

Со цел спроведување на фер и регуларни избори и надзор на истите од членови на изборната администрација заврши првата фаза на обука за група на набљудувачи. Обуката беше организирана од ДИК во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС)

– На тридневната обука, која од 14 до 16 септември се одржа во Дојран, учесници беа 17 професионалци од редот на изборната администрација. Во текот на обуката тие се стекнаа со знаења и вештини за техниките на обучување, како и за изборниот процес во Република Македонија. Овој новоформиран тим на обучувачи ќе учествува во спроведувањето на програмата за каскадни обуки на изборните органи, развиена од Државната изборна комисија за прв пат, соопштија денеска од ДИК.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com