HomeДЕНЕШНАРепубликаДИК соопштува резултати од теренска проверка на избирачкиот список

ДИК соопштува резултати од теренска проверка на избирачкиот список

 

Во однос на теренската проверка, од 87 352 лица кои се проверуваат, обработени се 77 128, а 10 224 се очекува да бидат внесени и обработени во текот на денешниот ден. Членот на ДИК од редовите на СДСМ, Игор Милев вели дека од овие бројки, 37 435 лица воопшто не биле најдени дома и дека тоа претставува индикатор дека работата не е целосно завршена.Со овој став не се согласува Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ која смета дека досега има обработено речиси половина од податоците и од теренската и од административната проверка, а податоците кои треба дополнително да се проверат, предложи тоа да го направи министерството за внатрешни работи и да му се даде рок од 3 дена за кој што ќе одговори.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com