HomeДЕНЕШНАРепубликаДИК: За осум дена се пријавиле 1.224 граѓани со спорни записи

ДИК: За осум дена се пријавиле 1.224 граѓани со спорни записи

Државна изборна комисија информира дека до денеска, до 13 часот, се пријавиле вкупно 1.224 граѓани чиишто записи во избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците.

„Од нив, 387 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 837 лица за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на ДИК“, соопштија од ДИК.

Најмногу пријавени има во Чаир – 225, во Аеродром – 90, во Центар – 80 и во Кичево – 75 избирачи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com