HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК го усвои роковникот – изборната кампања стартува на 16-ти мај

ДИК го усвои роковникот – изборната кампања стартува на 16-ти мај

ДИК на денешната седница го усвои календарот за процедурите во предизборниот период. На седницата не присуствуваа членовите од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев. Претседателот Александар Чичаковски ја водеше седницата, како што рече за нејзино техничко одржување.

Од СДСМ нема информација дали Дума и Милев веќе не се членови на ДИК или се само оправдано отсутни. Вчера тие, заедно со Чичаковски, ја напуштија седницата на ДИК кога бил усвоен заклучокот дека избирачкиот список е прочистен и дека на 5 јуни ќе има избори. Со тоа не се согласија Дума, Милев и Чичаковски.

Според денешните заклучоци на ДИК избирачкиот список ќе биде објавен на 25 април, а проверката ќе трае 15 дена. Списокот треба да се затвори на 19 мај. Кандидатските листи на партиите треба да бидат заклучени на 11 мај, а изборната кампања почнува на 16 мај.

ДИК побара Министерството за информатичко општество да достави податоци за административните работници кои ќе бидат избрани во општинските комисии, а од МНР побара список на луѓето кои ќе го спроведат изборниот процес во дијаспората. Од МВР е побарано да достават материјали за сомнителни гласачи, а тие пак велат дека нема доволно време до 5 јуни да се проверат сите податоци кои од нив ги бараат ДИК. Од избирачкиот список се бришат 1.135 лица за кои било потврдено дека се починати.

МВР го информираше ДИК дека имаат комплексна и обемна задача и дека сукцесивно се врши обработката на податоците. За лицата освен админситративна проверка, треба да се изврши и теренска проверка на овластени лица од МВР за да се добијат веродостојни податоци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com