HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК ги објави спорните гласачи – мора да се пријават ако сакаат да гласаат

ДИК ги објави спорните гласачи – мора да се пријават ако сакаат да гласаат

На интернет страницата на Државната изборна комисија се објавени имињата и презимињата на 39.502 гласачи кои се сметаат за спорни и тие ќе имаат рок од 25 дена да се запишат на списокот на гласачи. Спорни гласачи има во 53 општини, а најголем број се во Чаир, Тетово и во Карпош.

Регистрирањето на гласачите ќе биде лично во подрачните Државната изборна комисија како и во канцелариите на Управата за водење на матични книги, каде гласачите ќе мора да дојдат и да приложат важечка лична карта или пасош. За да може да се олесни пријавувањето на веб страницата на ДИК поставена е и апликација за електронско пријавување. Гласачите за да може да се пријават електронски ќе треба да го внесат матичниот број и да испратат скенирана копија од лична карта или пасош.

Пријавувањето ќе трае до 16 август, а ќе може да се врши секој ден во периодот од 8.30 до 19 часот. По истек на овој рок, ДИК ќе има уште 10 дена на располагање за да може да направи дополнителни контроли или лично да контактира со гласачите.

Освен на интернет, списокот со спорните 40 илјади гласачи ќе биде доставен и до подрачните канцеларии на Државната изборна комисија во речиси сите градови, како и во дополнителните канцеларии на ДИК во уште 18 општини, како и во месните канцеларии на Министерството за правда – Управа за водење на матични книги. На спорните гласачи исто така им се испратени писма на адресите наведени во избирачкиот список со кои се повикуваат да се пријават.

Четирите политички партии исто така имаат право да назначат набљудувачи на секое место каде што граѓаните ќе може да се пријавуваат. Тие не смеат да се мешаат во процесот, а забелешките може да ги достават до ДИК.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com