HomeАНТИСТРЕСЖуркиДејв Кларк и „Продиџи“ ќе го затворат овогодинешниот „Егзит“ во Нови Сад

Дејв Кларк и „Продиџи“ ќе го затворат овогодинешниот „Егзит“ во Нови Сад

Последниот ден од овогодинешното издание на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад на Петроварадинсата тврдина ќе биде одбележан со одлична програма на електронската „Dance arena“, каде се очекува да настапи ди-џејот Дејв Кларк. На истата бина пред него ќе настапи уште едно големо име на техно сцената, Ричи Хавтин, како и ТКНО и Мис Сајншајн.

Последниот настап кој ќе ја затвори „Dance arena“ ќе биде настапот на Марко Корола. На главната бина последната вечер ќе помине под доминација на рап музиката и настапот на популарниот Виз Калифа. Меѓу изведувачите на главната бина ќе се најдат и „Продиџи“, кои на „Егзит“ имаат настапувано неколку пати.

На бината „Фјужн“ последната вечер е резервирана за музичката дива на регионалната сцена, Јосипа Лисац. Потоа авантурата продолжува во Будва на „Sea Dance“ на плажата Јаз од 14 до 16 јули.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com