HomeРЕФЛЕКТОРМузикаДејвид Боуви постхумно номиниран за наградата Меркјури

Дејвид Боуви постхумно номиниран за наградата Меркјури

Легендарниот британски музичар Дејвид Боуви постхумно беше номиниран за една од најпрестижните музички награди Меркјури, соопштија организаторите. „Неговата музика ни овозможи подобро да го разбереме времето во кое живееме. Таа музика е искрена, страствена, како и полна со бес и загриженост“, стои во соопштението на организаторите на оваа награда чие свечено доделување ќе се одржи на 15 септември.

Dejvid-Bouvi

Иако Боуви беше голем светски признат уметник, сепак никогаш ја немаше освоено оваа награда. Беше номиниран неговиот последен албум „Black star“, кој беше издаден ан 69 роденден на музичарот на 8 јануари оваа година. Култниот музичар почина два дена подоцна од рак, болест која ја криеше од јавноста до самиот крај.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com