HomeФЕР ПЛЕЈФудбалДефанзивецот на Баерн го заборавил пасошот, го пропушта реваншот во Лисабон

Дефанзивецот на Баерн го заборавил пасошот, го пропушта реваншот во Лисабон

Баерн Минхен вечерва со почеток од 20:45 минути го игра реванш натпреварот од четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите против Бенфика во Лисабон. Иако Баерн има минимална предност пред реваншот, сепак сигурно ќе биде голем удар за Баварците неиграњето на Бенатија кој го заборавил пасошот. После последниот тренинг на екипата, а пред самиот лет за Лисабон, Бенатија на шалтерот за чекирање на аеродромот во Минхен сфатил дека го заборавил дома пасошот. Авионот бил пред полетување, така што поранешниот фудбалер на Рома морал да остане дома и не отпатувал со екипата на реваншот против Бенфика.

Тренерот на Баерн Минхен Пеп Гвардиола и првиот човек на Баварците, Карл-Хајнц Румениге биле шокирани и премногу разочарани од неодговорноста на Мароканецот, кој по се изгледа нема да има друг лет до Лисабон во текот на денот и ќе го пропушти натпреварот. Баерн веќе стигнал во Португалија, а во одбраната на стоперските позиции се најавени Мартинез и Кимик.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com